Новиот магистрален пат Радовиш Струмица во сабота официјално ќе биде пуштен во употреба. Со новиот патен правец во должина од 10 километри ќе се овозможи брзина на движење од 100 километри на час, наместо досегашните 40 километри. Во изградбата на патот Радовиш-Струмица се вложени 445 милиони денари, обезбедени од државниот Буџет. Градежните работи ги изврши компанијата „Гранит“, откако претходно беше раскинат договорот со хрватска ИНГРА заради доцнење со роковите. На свеченоста ќе присуствуваат вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Новиот магистрален пат Радовиш Струмица во сабота официјално ќе биде пуштен во употреба.
Со новиот патен правец во должина од 10 километри ќе се овозможи брзина на движење од 100 километри на час, наместо досегашните 40 километри.
Во изградбата на патот Радовиш-Струмица се вложени 445 милиони денари, обезбедени од државниот Буџет.
Градежните работи ги изврши компанијата „Гранит“, откако претходно беше раскинат договорот со хрватска ИНГРА заради доцнење со роковите.
На свеченоста ќе присуствуваат вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.